Прогласени најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово за 2022 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Филип Атанасовски е најдобар полицаец, а Душан Цаневски најдобар пожарникар во општина Куманово за 2022 година.

Loading...

 

 

Наградите за најдобри полицаец и пожарникар за 2022 година, традиционално ги додели градоначалникот Максим Димитриевски во име на Општина Куманово, кој им се заблагодари за нивното професионално извршување на работните задачи, за нивната посветеност и грижа за граѓаните, посакувајќи им успеси во иднина.

 

 

Loading...

Врз основа на залагања, покажани резултати во работните активности и градење на меѓучовечки односи во институциите каде што работат, за најдобри во својата област се избрани полицаецот Филип Атанасовски вработен во ПС за БПС Куманово и пожарникарот Душан Цаневски, распореден на работното место пожарникар – спасител во ТППЕ Куманово.