Професии од соништата за кои веројатно не сте знаеле дека постојат

Сподели со своите пријатели

Професии како играње игри, пиење пиво или гледање телевизија за многумина се сон или работа од соништата. Всушност, некои такви професии навистина и постојат.

Научник за чоколадо

Универзитетот Кембриџ во 2014 година дал огалс за чоколаден научник. Целта на истражувањето било да се утврди што може да ја задржи чоколадата цврста и вкусна во топлите временски услови. Секако се работи за сериозна програма, но нововработениот имал за задача да се занимава со чоколадо цел ден.

Патувачки пивопиец

Институтот Смитсонијан во 2016 година дал оглас во кој се наведува дека бараат лице кое ќе патува низ САД и ќе пие пиво истражувајќи ја историјата на американското пиво. Постоел ислов кандидатот да биде историчар или студент по историја. И не само што ќе уживал во професијата, туку годишно ќе заработувал 64,650 долари.

Испробувач на тобогани

Не е шега. Една компанија барала студент кој е подготвен да патува во Турција и Египет и да испробува тобогани во хотелските комплекси за 30.000 долари.

Лего мајстор

Според некои проценки во светот има само 40 лего мајстори. Нивната задача е да дизајнираат сетови леко коцки.

Сопстевник на кафетерија за мачки

Со оглед дека кафетериите за мачките се возбудливи, многу бргу се проширија низ цела Јапонија. Сопствениците на овие домашни миленици доаѓаат во кафетериите, се играат со своите и мачките на останатите гости.

Тестер на видео игри

Некои луѓе живеат од тестирањето видео игри. Станува збор за сериозен бизнис кој денес носи вртоглави суми на пари. Ваквите позиции постојат поради осигурување на квалитетот и тестирањето. Иако изгледа како неверојатно забавна професија, нивната задача е да ги ловат грешките во самата програма.

Сург инструктор за кучиња

Има такви кои навистина сметаат дека на кучињата им се потребни часови за сурфање. Некој се досетил да им ја исполни желбата и од тоа да напави бизнис. Сопственикот може да влезе заедно со своето куче, но и да го препушти на инструкторот.

Професионален гледач

Во овој случај би минувале часови пред телевизија без никакво чувство на вина, а притоа би заработувале. Професионалните гледчаи се вработени за да ги следат телевизиските емисии и вести за да препознаат и проследат снимки важни за други програми, пишува „Бизнис инсајдер“.

Дадилка за панди

Огалсот за оваа работа ја дал кинескиот истражувачки центар Ченду во провинцијата Сечуан. Се што треба да правите е да поминете цела година со пандите делејќи добри и лоши моменти.