Продолжен притворот на американски новинар во Русија

Сподели со своите пријатели

Судот во Москва денеска му го продолжи притворот за три месеци на американскиот новинар Еван Гершкович, уапсен во март за наводна шпионажа.

Гершкович е дописник на Волстрит журнал.

Триесет и едногодишниот Гершкович беше уапсен во Екатеринбург на 29 март и е првиот западен новинар на кого му е одземена слободата во Русија по распадот на Советскиот Сојуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија направи необичен потег: Посредуваше во разговор меѓу Израел и Иран