Продажбата на LVMH под очекувањата, побарувачката за луксуз послаба

Сподели со своите пријатели

Најголемата светска групација на луксузни стоки LVMH денеска објави дека нејзините приходи од продажба во вториот квартал на 2024 година се зголемени за еден процент на годишно ниво, на 20,98 милијарди евра.

Loading...

Имено, приходите потфрлија во однос на очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа раст од 2,89 отсто.

Продажбата на модата и кожните производи на LVMH исто така порасна за 1 отсто во кварталот што заврши на 30 јуни, додека експертите очекуваа пораст од 2 отсто.

Приходите од продажба на вино и алкохолни пијалоци на групацијата LVMH паднаа за пет отсто на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, а продажбата во одделот за часовници и накит за четири отсто, пренесува Блумберг.

Во првите шест месеци, LVMH забележа најголем пад на продажбата во Европа, САД и Кина во одделот за вино и алкохолни пијалоци, а пазарната средина за луксузни стоки во Кина беше означена како „неповолна“.

Проблеми со продажбата на луксузни предмети неодамна објавија британскиот Barberry и германскиот Hugo Boss.

Сите пиеме се помалку шампањ додека светот станува пострашно место, коментира њујоршката агенција.