Привремено примирје во областа на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека со нејзино посредство е постигнато привремено локално примирје меѓу Украина и Русија во регионот на нуклеарната централа Запорожје, со цел да се поправи далноводот што ја снабдува таа нуклеарна централа со електрична енергија што ги лади реакторите.

„Локалниот прекин на огнот со посредство на МААЕ стапи на сила на линијата на фронтот во близина на Нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) денеска, отворајќи го патот за суштински поправки на далноводите за да се избегне заканата од нуклеарна несреќа“, се вели во соопштението на МААЕ во платформата X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Украина не би издржалла ни два дена без нашата воена помош

Во соопштението МААЕ наведува дека во наредните денови техничари од двете страни ќе започнат со санирање на оштетувањата на 750-киловолтниот далновод по опсежното деминирање на областа.

Далноводот беше затворен пред повеќе од два месеци, оставајќи ја најголемата европска нуклеарна централа да се потпира на единствена линија од 330 киловолти за снабдување со електрична енергија потребна за ладење на нејзините шест реактори, кои се затворени, наведува Ројтерс.

МААЕ посочува дека нуклеарната централа Запорожје во последните недели неколку пати го губи пристапот до овој далновод, поради што е принудена да користи дизел генератори.