Кумановец со мотор бегал од полиција. Го пронашле на бензинска и привеле

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишник од Куманово бил приведен вчеравечер откако со мотор првин им бегал на полицајците, а потоа бил агресивен кон нив.

– На 04.06.2026 во 23:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ј.С.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Претходно, како што додаваат од кумановската полиција, управувајќи мотоцикл, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициските службеници.

– По преземени мерки, Ј.С. и мотоциклот биле пронајдени на бензинска пумпа во Куманово, при што тој агресивно се однесувал и ги попречувал полициските службеници во извршување на службени дејствија, стои во соопштението на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец кој физички ја нападнал сопругата

Како што додаваат тој бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен.

– По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски