Дваесет и едногодишник од липковското село Никуштак бил приведен вчера откако полицијата регистрирала дека вози со 108 километри на час.
– На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
– Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.
Никола Ивановски