Приведени двајца кумановци по меѓусебна тепачка

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека со физичка пресметка го нарушиле јавниот ред и мир.

Loading...

– На 01.09.2024 во 16.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле И.К.(46) и А.К.(18), двајцата од Куманово, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато