Приведена кумановка која била непристојна и ја навредувала сосетката

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишна кумановка била приведена ноќва поради нарушување на јавниот ред и мир упатувајќи навреди кон сосетката.

– На 25.06.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја приведоа Л.О.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала непристојно и упатувала навреди кон нејзина 60-годишна сосетка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска во Куманово заеднички патроли на полицијата и комуналната инспекција (ВИДЕО)