Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.
– На 01.10.2026 во 22:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.Ш.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

