Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека управувал возило под дејство на алкохол.
– На 25.10.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.В.(41) од село Пчиња, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека тој возилото го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,65 промили алкохол и дека има активна забрана.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

