62-годишен кумановец возел мотокултиватор без дозвола, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотокултиватор без да поседува дозвола.

– На 25.10.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.О.(62) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотокултиватор при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово започна вакцинацијата против сезонски грип, обезбедени 1.600 дози (ВИДЕО)