Приведен кумановец кој нападнал обезбедување во казино

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од Куманово бил приведен викендов по пријава дека физички нападнал вработен во казино.

– На 24.10.2026 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој во казино на улица „Доне Божинов” во Куманово физички нападнал триесетгодишник, вработен како обезбедување во казиното.

– Ш.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Листата на Алексадар Вучиќ победи на гласањето во Куманово