Четириесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека вози со 1,91 промили алкохол.
– На 29.07.2026 во 15:18 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.К.(49) од село Доброшане, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К., при што било констатирано дека го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во сооптшението.
Никола Ивановски

