Топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминуваат 40 степени

Сподели со своите пријатели

Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени.

Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Во Куманово од утре па се до 8ми август се прогнозираат температури кои ќе достигнуваат меѓу 35 и 37 степени целзиусови.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трет топлотен бран ја погоди Германија, се предвидуваат рекордни температури