Педесетгодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека управувал мотор под дејство на 1,55 промили алкохол.
– На 11.07.2026 во 09:15 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(50) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола полициски службеници сопреле мопед „трува“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

