71-годшен кумановец ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишник од Куманово бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

– На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција приведе возач со над два промила алкохол