Малите каратисти на „Ронин Доџо“ со шест медали од меѓународен турнир во Скопје (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клубот Ронин Доџо освои шест медали на меѓународниот карате натпревар „Никола Грдановски – Нике 2026“, кој се одржа на 24 октомври 2026 година, во организација на Карате клубот Металург од Скопје.

 

 

Каратистите на Ронин Доџо освоија две златни, две сребрени и две бронзени медали, во конкуренција на натпреварувачи од Македонија.

 

 

Со златни медали во дисциплината кати во пионерска конкуренција се закитија Емил Миленковски и Стефан Николовски, кои остварија успешни настапи во индивидуалното изведување кати.

 

 

Сребрени медали во категоријата надежи освоија Вук Арсиќ и Костадин Паневски, додека со бронзени одличја се вратија Петар Митковски, кој настапи во кадетска конкуренција, и Калин Димковски во категоријата надежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Променливо време, температурите во благ пад

 

 

На турнирот настапија и Алексеј Александровски и Урош Арсиќ, кои иако не освоија медали, забележаа солидни настапи во пионерска конкуренција.

Натпреварувачите на Ронин Доџо овојпат настапија во дисциплината кати, без учество во борби.

 

 

Каратистите беа придружувани од тренерите Николина Смилевска Милорадовска и Бојана Денковска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски