Приведен крадец во Куманово, украл предмети вредни близу 20.000 евра

Сподели со своите пријатели

Триест и тригодишен кумановец денеска бил приведен под сомение дека со уште едно лице од магазин во Куманово украле предмети вредни 20.000 евра.

Loading...

– На 26.01.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот „Октомвриска револуција” во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна  вредност од околу 20.000 евра.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на полицијата.

Loading...

Никола Ивановски