Триесет и двегодишен кумановец бил приведен вчеравечер под сомнение дека извршил кражба од приватен имот.
Loading...
– На 19.03.2024 во 22.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов” во Куманово одзел повеќе предмети.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски