Приведен 30-годишен маж кој допирал по тело девојче од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишник од Куманово биле приведен викендов под сомнение дека допирал по телото 18-годишно девојче од Куманово.

– На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијат,а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и не сакала да си замине

Никола Ивановски