25-годишник приведен во Куманово, возел со 1,64 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник викендов бил приведен во Куманово откако полицијата констатирала дека возел под дејство на 1,64 промили алкохол.

– На 23.08.2026 во 01:58 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(25) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола запрено е патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека Д.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и не сакала да си замине

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски