Делови од кумановско денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат од Електродистрибуција.
Во период од 08:30 до 14:00 часот денеска без струја ќе биде дел од селото Сопот, дел кон караулата.
Од 08:45 до 14:30 часот денеска прекини ќе има и на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски Кмет“.
Денеска од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат објектите околу ресторанот „Аркус“.
Утре пак во период од 08:00 до 13:00 часот прекини во снабдувањето ќе има во дел од населбата Јане Сандански (Бабин Дол), поточно на излез кон селото Биљановце.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

