Дваесет и деветгодишник од кумнаовско бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел без дозвола.
– На 16.11.2026 во 17:30 часот на ул.„Индустриска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.Р.(29) од с.Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

