Осуманесетгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека извршил кражба од деловен објект.
Loading...
– На 18.04.2024 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.З.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како штп појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека околу 15.00 часот извршил кражба во деловен објект на улицата „Трета македонска ударна бригада“.
– Е.З бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски