Компанијата „SanDisk“ прозвела microSD картичка која има најголем капацитет досега, а која воопшто не е евтина.
Картичката ќе има капацитет од 400 гигабајти и ќе започне да се продава по цена од 249,99 долари.
Толкав капацитет на корисниците ќе им овозможи да складираат 35 часа full HD видео материјал, а токму поради тоа, компанијта „SanDisk“ својот нов производ го рекламира како идеален за камери и фотоапарати, како и за играчки конзоли.
Картичката овозможува трансфер на пдоатоци со брзина до 100 мегабајти во секунда, што значи дека корисниците ќе може да префрлат околу 1.200 фотографии за само една минутка.
Оваа картичка ќе понуди нови можности на професионалните и аматерски сниматели кои за снимање користат дронови, GoPro камери, но идеална е и за фановите на Nintendo Switxh козолата.