Утрово пристигна првата официјална реакција на Кина за вчерашниот пад на ракета врз полско село, во кој загинаа две лица.
Loading...
Како што јави АФП, официјален Пекинг порача дека „сите страни треба да останат смирени“ по инцидентот во Полска.
Да потсетиме, вчера ракета падна врз полското село Пржеводов, кое се наоѓа покрај границата со Украина.
Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за инцидентот, која пак тврди дека станува збор за „провокација“ и негираше дека го испукала проектилот.
Претседателот Џо Бајден изјави дека е „малку веројатно“ проектилот што ја погоди Полска да е истрелан од Русија, пишува Индекс.