Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, тогаш пробајте ја оваа мешавина.
Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болно и воспалено грло, кашлица, па дури и проблеми со стомакот.
Состојки:
400 мл врела вода
2 средни банани со црни дамки
2 лажички мед
Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Би било добро да го направите со дрвен прибор за јадење, бидејќи ќе се затемни поради металот.
Потоа ставете ги бананите во тенџере и додајте врела вода. Оставете да киснат околу половина час. Кога смесата ќе се излади, додадете мед. Важно е да го додадете последен, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги загуби своите лековити својства.
ПРИМЕНА:
Пијте 100 мл од овој пијалок четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги видите за пет дена.