Претседателот на Тунис го отпушти министерот за верски прашања откако десетици Тунижани загинаа на аџилак

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Тунис, Каис Саид, го разреши министерот за верски прашања, Брахим Чаиби, по критиките упатени кон него за смртта на десетици Тунижани кои учествуваа на аџилакот во Мека, соопшти денеска претседателството.

Loading...

Најмалку 49 Тунижани починаа поради екстремни горештини во Саудиска Арабија во текот на минатата недела, објави Ројтерс.

Семејствата се уште трагаат по неколку лица кои се исчезнати.

Повеќе од 1.000 муслимански аџии загинаа за време на аџилак во Мека поради топлотен удар.

Температурата во Мека во последните денови достигна максимални 51,8 степени.

Саудиска Арабија сè уште не го коментирала официјалниот број на загинати, иако извештаите покажуваат дека околу 10 земји пријавиле 1.081 смртен случај за време на годишниот аџилак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Њујорк: Авион се урна на пат, има мртви!

На повеќедневниот аџилак оваа година учествуваа околу 1,8 милиони муслимани.

Аџилакот во градот Мека во Саудиска Арабија е задолжителен за сите муслимани кои мораат барем еднаш да одат на Хаџлук доколку тоа го дозволуваат нивните здравствени и финансиски услови.

Loading...