Претседателот на Панама од Давос: Панамскиот канал не беше подарок за САД

Сподели со своите пријатели

Панамскиот канал не беше „подарок“ од Соединетите Американски Држави (САД), изјави во Давос панамскиот претседател Хозе Раул Мулино, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз каналот.

Loading...

„Панамскиот канал ѝ припаѓа на Панама и ќе продолжи да ѝ припаѓа на Панама. Панамскиот канал не беше отстапка или подарок за САД“, рече панамскиот претседател на состанокот на Светскиот економски форум.

Тој додаде дека Панама „не дозволува да биде расеан од такви изјави“.

Трамп изјави дека американските бродови кои пловат низ Панамскиот канал не се третираат фер и дека им се наплаќаат прекумерни такси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Онлајн состанок меѓу Путин и Џинпинг неколку часа по инаугурацијата на Трамп

Тој исто така рече дека „Кина управува со Панамскиот канал“.

„И пред се, Кина го експлоатира тој канал, а ние не и го дадовме на Кина, туку на Панама. И ние ќе го вратиме назад“, рече Трамп.

Во 1914 година беше отворен Панамскиот канал долг 80 километри, кој ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан.

Каналот и беше предаден на Панама во 1999 година според претходно постигнат договор.

Loading...