Претседателот на Литванија и премиерката на Латвија пристигнаа во Киев

Сподели со своите пријатели

Литванскиот претседател Гитанас Науседа и латвискиот премиер Евика Силина утринава пристигнаа во Киев.

Loading...

Високите функционери тоа го објавија на своите социјални мрежи, пренесува Укринформ.

„Само што пристигнав во Киев. Убаво е да се вратам и да го видам мојот драг пријател, претседателот Володимир Зеленски во солидарност со Украина. Воената и економската поддршка на Украина е од клучно значење за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, напиша Наузеда на мрежата Х.

Премиерката на Летонија на мрежата Х објави видео од нејзиното пристигнување на железничката станица во Киев и најави дека нејзината земја ќе биде со украинскиот народ до нивната победа и на патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Како што јавија светските медиуми, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми денеска ќе ја посетат Украина, каде што треба да се сретнат со Зеленски и други официјални лица.