Претседателот на Куба: Причината за војната во Украина да се бара во агресивната политика на САД и НАТО

Сподели со своите пријатели

Причините за конфликтот во Украина треба да се бараат во агресивната политика на САД и НАТО, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел.

Loading...

За време на пленарната седница на руската Државна дума за време на неговата посета на Москва, тој рече дека Куба ги осудува санкциите на Западот против Русија.

„Куба силно ги осудува еднострано воведените санкции против Руската Федерација. „Причините за актуелниот конфликт во тој регион треба да се бараат во агресивната политика на САД и проширувањето на НАТО до границите со Русија“, нагласи Дијаз Канел.

Кубанскиот лидер потсети дека Хавана постојано ги осудува санкциите против Русија и поддржува изнаоѓање решение за украинската криза преку преговори, пренесе ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.