Претседателот на Аргентина правеше шоу во авион: Леташе со редовна линија, правеше селфи…

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Аргентина, Хавиер Мајли, со комерцијален лет отпатува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, а за време на летот правел селфи со патниците, пишува „Ројтерс“.

Кога го прашаа новинарите во текот на летот за неговите планови за Давос, Мајли рече дека неговата цел е да ја донесе идејата за слобода на форум кој, како што рече, е „контаминиран од социјалистичката агенда 2030 година, која само ќе донесе мизерија во светот.

На својот профил на социјалната мрежа „Х“, Мајли објави снимка од влегувањето во авионот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 100 илјади Јапонци имаат 100 или повеќе години

Неговиот портпарол Мануел Адорни рече дека Мајли патувал со комерцијален лет за да заштеди повеќе од 300.000 долари.

На маргините на форумот во Давос, аргентинската делегација ќе се сретне со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Мајли се соочува со предизвици да ја реши големата економска криза во земјата – да ја спречи годишната инфлација која е над 200 проценти, да обезбеди девизни резерви кои сега се во минус и повторно да привлече инвестиции.