Претседателката на Перу дека нема да поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Перу, Дина Болуарте, чија земја беше потресена од демонстрации во кои загинаа најмалку 42 лица од почетокот на декември минатата година, рече дека нема да поднесе оставка како што бараат демонстрантите.

Loading...

„Некои гласови на поборници за насилство и радикали бараат моја оставка, поттикнувајќи го народот на хаос, неред и уништување. Одговорно им велам – нема да поднесам оставка, мојот ангажман е со Перу“, рече Болуарте во пораката до нацијата што ја пренесе државната телевизија.

Тројца членови на нејзината влада поднесоа оставки во изминатите два дена, вклучувајќи го и министерот за труд Едуардо Гарсија, кој не се согласува со начинот на кој владата се справува со демонстрациите.

Според Народниот правобранител, од почетокот на кризата во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили загинале најмалку 42 лица, меѓу кои и еден полицаец кој бил жив запален, пренесува Бета.

Протестите избија по соборувањето и апсењето на левичарскиот претседател Педро Кастиљо на 7 септември. Тој беше обвинет дека се обидел да изврши државен удар, бидејќи имал намера да го распушти парламентот што се подготвувал да го смени.

Болуарте, кој беше потпретседател на Кастиљо, го наследи како претседател, што е уставна одредба. Сепак, демонстрантите кои ја гледаат како „предавник“ бараат таа да биде повлечена, како и веднаш да се одржат предвремени избори.

Меѓуамериканската комисија за човекови права, која во петокот ја заврши својата мисија во Перу, бара непристрасна истрага за репресијата на демонстрантите од страна на владата, велејќи дека има индиции за прекумерна употреба на сила.

Перуанското обвинителство одделно отвори истрага за „геноцид“ против Болуарта и неколку други високи функционери.

Loading...