Претрес во липковско, пронајдени пиштол и бомба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишник од липковско Лојане е приведен откако полицијата во домот на неговиот брат пронашла рачна бомба и пиштол.

Loading...

– Денеска (27.01) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.К. (21) од село Лојане, липковско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во домот на неговиот брат М.К. во Лојане, извршен по судска наредба, Ф.К.бил затекнат таму и биле пронајдени рачна бомба и пиштол.

Ф.К.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Никола Ивановски