Претрес во кумановско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчеравечер во Куманово откако полицијата им пронашла наркотици, куршум и метални монети.

Loading...

– На 27.10.2022 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Д.(37) и Е.Д.(37) од село Романовце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки