Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведен 21-годишник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако во неговиот дом биле пронајдени воздушни пушки, куршуми и пиротехника.

Loading...

– На 17.04.2025 во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства.

 

Loading...

 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велигденски хуманитарен концерт во Куманово

Никола Ивановски