Претепаната руска новинарка префрлена во болница во Москва

Сподели со своите пријатели

Руската новинарка Елена Милашина и адвокатот кои беа претепани во јужна Чеченија се пренесени во болница во Москва, изјави поранешниот директор на затвореното московско радио.

Loading...

Руската новинарка која работи за независниот весник „Нова газета“ била нападната набргу откако вчера со својот адвокат Александар Немов пристигнала во главниот град на Чеченија Грозни од локалниот аеродром.

Милашина и Немов биле претепани со пиштол, а напаѓачите ја избричиле главата на новинарката и ја обоиле во зелена боја, објави Ројтерс.

Тие се префрлени во локална болница, каде било утврдено дека на Милаша ѝ се скршени прстите и дека повремено губи свест, соопшти вчера руската невладина организација за човекови права Меморијал.

Поранешниот директор на згаснатата радио станица „Ехото на Москва“, Алексеј Венедиктов, на Телеграм напиша дека двајцата се пренесени во болница во Москва.