Претепан сопственикот на порталот Доказ.мк

Сподели со своите пријатели

Пред два часа, во центарот на Скопје, физички е нападнат сопственикот на веб – порталот Доказ.мк, Марјан Стаменковски.

Loading...

Според исказите на Стаменковски, петмина непознати сторители со шипки го пречекале пред неговиот дом и брутално го нападнале. Сопственикот на порталот, инаку критички настроен кон влаедачката гарнитура, по нападот бил пренесен во болница, со видливи повреди на главата.

Напаѓачите не биле маскирани, но Стаменковски не ги препознал.

– Имам многу закани и веројатно и причината за денешниот напад е нешто што е објавено на мојот портал – вели Стаменсковски.

Ова е втор напад врз Стаменковски, кој пред неколку месеци беше нападнат, исто пред влезот на неговиот дом, тогаш во населбата Аеродром.

Вечерашниот инцидент бил потврден од полиција. Нападот бил пријавен во 20:30 минути, а полицијата работи на пронаѓање на напаѓачите.