ПРЕСВРТ: Google бара да се врати на Huawei телефоните?

Сподели со своите пријатели

Извори од индустријата велат дека Google за прв пат презел конкретни чекори да се врати на телефоните на Huawei!

Loading...

Huawei во Барселона помпезно ја најави ерата без Google компанијата, а само два дена подоцна, компанијата Google реши да се врати во телефоните на Huaweii, a според изворите од индустријата, тоа веќе го барале од американската администрација.

Huawei вети 5G телефони под 150 долари до крајот на годинава

Ако ова е точно – ова е првиот конкретен чекор преземен од големата американска компанија откако Huawei се најде на црната американска листа.

Сигурни извори не го цитираат откриваат мотивот на Google или одговорот на Huawei на барањето на САД повторно да соработуваат со вториот најголем производител на Android телефони. Сепак, тоа е добар знак за сите играчи во оваа приказна – особено корисниците.

Америка никогаш немала проблем со телефоните на Huawei, туку со Huawei 5G и телекомуникациската опрема, и сите предупредувања на администрацијата биле исклучиво поврзани со тој сегмент.

Huawei оствари рекордна заработка и покрај санкциите од САД

Американците се покажаа како неуспешни во обидот да ги одвратат сојузниците да користат опрема и услуги на „Huawei“ за нивните 5G мрежи, така што американската администрација објави затегнување на деловните можности со една од најголемите кинески компании досега.

Loading...

Интересна ќе биде реакцијата на Huawei, од каде во неколку наврати рекоа дека тој сакаат да соработуваат со Гугл и дека едно ажурирање на софтвер е доволно за да биде како порано, но дека ќе продолжат да ја развиваат својата платформа без оглед на сè затоа што не сакаат некогаш да се најдат во ситуација да треба да се потпираат на некој друг (освен на самите себе).

Leave a Reply