Престојот на Робињо во Сантош траеше само 6 дена

Сподели со своите пријатели

Емоционалното враќање на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо во Сантош требаше да значи дека напаѓачот ќе ја заврши кариерата во неговиот матичен клуб, но тој си замина и дури не одигра еден натпревар. Двете страни потпишаа договор до февруари пред само 6 дена, а денес го раскинаа по заедничка согласност.

Loading...

Причината е што Робињо е обвинет во случај за групно силување. Во 2017 година, тој беше осуден на 9 години затвор од италијански суд. Обвинението е кривично дело од 2013 година. Инцидентот се случил во дискотека во Милано, каде Бразилецот и петмина негови пријатели силувале 22-годишна жена од Албанија.

Робињо го користи своето право на жалба, а главната причина што не е во затвор е тоа што Бразил има закон со кој се забранува екстрадиција на своите граѓани. Ова значи дека дури и казната да остане каква што е, јужноамериканската нација ќе мора да ги смени своите закони за да го испрати Робињо во Италија – нешто што веројатно нема да се случи.

Враќањето на 36-годишниот напаѓач во Сантос не беше поздравено ниту од навивачите, ниту од спонзорите на клубот. Иако се согласи да игра за само 230 евра месечно, поранешниот играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Гуангжу Евергранде, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Истанбул Башакшехир го раскина договорот и неговиот четврти престој во Сантош заврши неславно.

Влатче Зорба

Leave a Reply