Прескокнувањето на појадокот не здебелува, тврдат научниците

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од луѓето го имаат слушнато советот кој звучи контрадикторно – со прескокнувањето на појадокот би можеле да се здебелиме, затоа што тоа го успорува метаболизмот и не тера во текот на денот да јадеме повеќе.

Loading...

Нема докази дека со прескокнување на појадокот доаѓа до раст на телесната тежина, пишува во новата студија објавена во научното списание „British medical Journal“.

Спротивно на врежаното верување, истражувањето покажало дека ако не јадете појадок тоа нема да предизвика чувство на засилен глад во попладневните часови или разлика во потрошувачката на енергијата.

Научници од Универзитетот Монаш во Мелбурн анализирале врска помеѓу појадокот и промената на телесната тежина и дневното внесување енергија.

Се послужиле со податоци од 13 клинички истражувања спроведени во САД и Велика Британија во последните 28 години.

Заклучиле дека вкупното дневно внесување енергија било поголемо кај оние кои појадувале споредбено со оние кои го прескокнале утринскиот оброк и тоа во просек за околу 260 калории.

Исто така утврдиле дека измеѓу едните и другите нема значителна разлика во активностите на метаболизмот.

– Иако редовното земање појадок може да има други важни влијанија, треба да се биде внимателен кога појадокот се препорачува поради намалување на тежината, затоа што може да има сосема поинаков ефект, стои во студијата.

Loading...

Сепак тоа не значи дека би требало да се „убиеме“ со јајца и сланина. Имено, научниците велат дека квалитетот на старите истражувања бил лош, па заклучоците треба да се земат со доза на внимателност.

Leave a Reply