Препознајте ги симптомите на канцерот на време

Сподели со своите пријатели

Милиони луѓе живеат со рак, а клучно во добрата прогноза е да се забележи болеста на време. Никој не е имун, но раната дијагноза е половина од успешното лекување.

Ракот е голабално третиот најголем убиец на луѓето по болестите на срцето и мозочниот удар. Бројот на луѓе постари од 65 години кои ќе преживеат карцином во наредните 30 години ќе се зголеми, тврдат научниците на Кингс Колеџот во Лонгон.

Според досегашните пертпоставки и податоци, до 20140 година од карцином ќе биде заболен секој четврти човек постар од 65 години. Најголем пораст ќе биде забележат кај оболените од рак на белите дробови, а најголеми шанси за оздравување имаат оние со рак на дојка или простата. шансите за преживување на оваа стравична болест се зголемени за 3,4% кај мажите и 4,6% кај жаните.

Се поголем број на крациноми се откриваат на време, а напредните третмани овозможуваат на заболените подолго да живеат со оваа болест – истакнал предводникот на истражувањето Хенрик Милер.

Ова се најчестите, но и најтрешките обилици на таа болест, а експертите истакнуваат дека од сите облици на треапии сепак најважно е рано воочување на карциномот кој се намифестира со задскриени, но препознатливи симптоми.

Рак на белите дробови

Отежнато дишење и чувство на притисок во градниот кош, упорно каплање кое трае подолго од четири недели, искашлување на шлајм, слабеење, зголемена температура, претеран замор по физички активности, болка во коските доколку дошло до метастазирање и чести белодробни инфекции како што е бронхитисот.

Рак на дебело црево

Пореметување на цревната фунцкија – епизоди на дијареја и запек, постојано чувство на подуеност, крв и слуз во столицата, анемија, губиток на телесна тежина, необјаснив замор и болки во абдоменот.

Рак на дојка

Отекување на дојките, промена на величината или обликот на истите, промени на брадавиците, како што е вовлекување на внатре, црвенило, промена на кожата на дојката – изглед на портокалова кора, болки во пазувите, температура, исцедок од брадавиците и болка во рацете.

Рак на простата

Зачестено мокрење (посебно ноќе), отежнато мокрење, слаб или испрекинат млаз при мокрење, чувство на непотполно празнење, болка и печење при мокрење, крв во мокраќата и спермата, губиток на контрола над мочниот меур, болна ејакулација, губиток на способност за ерекција, болки во коските пред се во долните екстремитети и ’рбетот.

 

Loading...