Премиерот на Чешка со Зеленски: Иднината на Украина е во ЕУ и НАТО

Сподели со своите пријатели

Иднината на Украина е во ЕУ и НАТО, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Прага.

Loading...

Фијала вети поголема поддршка од Чешка за Украина, вклучително и донација на повеќе воени хеликоптери, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.

Зеленски рече дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да се бори против руските сили.

„Без оружје со долг дострел, тешко е не само да се изврши офанзивна мисија, туку и да се спроведат одбранбени операции“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер.

Чешка веќе му пружи силна поддршка на Киев од почетокот на руската инвазија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.