Преку проект ќе се промовира регионалниот културен идентитет

Сподели со своите пријатели

Денеска, во ресторан „Грација” во Куманово се одржа последната активност (А9) во рамките на прекуграничниот проект за „Соработка во визуелни уметности за промовирање на регионален културен идентитет” помеѓу Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, како водечки партнер и Народно читалиште “Димитар Благоев 1925” од Добриниште, Р. Бугарија.

Loading...

 

 

На денешната, завршна прес-конференција, В.Д. Директорот на Фондацијата за култура и спорт, г-дин Марио Арангеловски со пошироката јавност и пред локалните медиуми ги сподели резултатите од проектот, односно, сите активности кои беа реализирани во текот на изминатите 12 месеци, колку што траеше проектот. А, преку онлајн врска во рамките на денешната прес-конференција и партнерите од Р.Бугарија имаа можност да го презентираат сработеното.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Основна цел на овој проект е развивање на туризмот во Куманово, Добриниште и Банско, преку богатата културно-уметничка програма препознатлива за горенаведените општини.

 

Loading...

 

Во рамките на проектот беа организирани неколку работилници на кои што учествуваа претставници од двете партнерски страни, а, на истите се дискутираше за експедитивно работење на проектот, почнувајќи од изработка на документарен филм на тема “Историја на киното и филмот”, па се до развој на веб-базирана платформа за визуелни уметнисти на која активно се споделуваат значајни културни настани и манифестации кои потенцијално би предизвикале туристи во општините, партнери во овој проект и набавка на мултимедијална и звучна опрема за потреби на Фондацијата за култура и спорт во просториите на Занаетчиски дом – Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Крајни корисници секако би биле културно – уметничките работници, локалното население, локални власти, културни институции и туристи