Прекини на сообраќајот на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Во извештајот за состојбата на патните правци и гранични премини во државата издадено од страна на АМСМ се вели дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Loading...

Прекин на сообраќајот во интервал од 5:00 до 18:00 часот ќе има на магистралниот пат А1, делот од мотел Македонија до Градско ќе биде затворен за сообраќај, поради снимањето на францускиот филм “A Fond”. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат кој е обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот нема да се одвива ниту долж локалниот пат од с. Ропаљце кон с. Никуштак поради одрони настани од врнежи од дожд.

Што се однесува до работи кои се изведуваат на неколку патни правци од АМСМ препорачуваат внимателно возење на неколку патишта во државата.

Од АД „Гранит“ известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

На патниот правец А1 Градско – Прилеп од 26.09.2015 се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи во наредните седум дена од 07:00 до 15:00 часот.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Loading...

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.