По распишаниот конкурс и најавите за отпочнување со работа на новоформираното Акционерско Друштво „Водостопанство на РМ“ во сопственост на државата, денес пратеникот Ромео Тренов од ВМРО ДПМНЕ најави дека тој ја напушта пратеничката функција за да стане член на одборот на директори сè до изборот на извршен директор на првата конститутивна седница.
Ова Акционерско друштво е формирано врз основа на Законот за трговски друштва, а Тренов ќе стапи на функцијата како извршен директор како поранешен пратеник со оформено образование Магистер по земјоделски науки.
Почетокот на работа на новото АД ”Водостопанство на РМ” беше најавено за 1 октомври, и сè уште нема информации во јавноста за тоа што ќе се случи со Јавните претпријатија за водостопанство, т.е Кумановско – липковско поле со оглед на фактот дека и поранешното Водостопанство има статус на Јавно претрпијатие со незавршена стечајна постапка.