Видеото објавено во неделата го прикажува милионерот јутубер, Џејк Пол, како уништува имот во трговски центар.
Пол, кој има 20 милиони следбеници на својот канал на Јутуб и тоа го прави еден од најпознатите, но и најбогатите луѓе на таа платформа, рече дека тој протестирал против убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис на почетокот од оваа недела.
Инфлуенсерка го претепа детето оти ѝ ја уништило шминката, сега е под истрага (ВИДЕО)
На видеото се гледа 23-годишниот Јутубер како носи маска и го снимал грабежот на трговски центар со својот тим.
Пол, кој е познат по скандалозните активности за да обезбеди што е можно повеќе погледи на неговиот канал, негираше вмешаност во грабежот.
„Да бидам потполно јасен, ниту јас ниту некој од нашата група не учествувавме во никаков грабеж или вандализам“, рече Пол во изјавата објавена на Твитер.
Петгодишната Анастасија годишно заработува 18 милиони долари од Јутуб (ВИДЕО)
Тој додаде дека полицијата го нападнала со солзавец.
„Јас не одобрувам насилство, грабежи или кршење на законот. Сепак, јас го разбирам гневот и фрустрацијата што доведоа до уништувањето на кое сме биле сведоци и иако тоа не е одговорот, важно е луѓето да го видат и заедно да сфатат како да напредуваат напред на здрав начин”, рече Пол, а пренесува Гардијан.
https://twitter.com/mograsmick/status/1266997607009640448