По апсењето на двајца млади момчиња осомничени за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Австрија, од истрагата се појавија информации дека второосомничениот е малолетник (17), по потекло од Балканот и дека исто како и главниот осомничен (19), роден е во Австрија.
Главниот осомничен, 19-годишник, на полицијата ѝ ги признал плановите, а меѓу осомничените е и седумнаесетгодишник, наводно со хрватски и турски корени, кој веќе и бил познат на полицијата, пишува Хеуте.
Меѓу осомничените е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло.
Главниот осомничен (19), чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули и објавил дека има големи планови и оттогаш се подготвува за крвава кампања.
Австриската полиција го соопшти идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот, тој е Беран А.
So tickt Terrorhirn Beran A.
In Österreich aufgewachsen und dennoch alle westlichen Werte mit Füßen getreten. Das sagen Nachbarn über den Terrorverdächtigen aus Ternitz. https://t.co/ipwjPjfBe4— KURIER (@KURIERat) August 8, 2024
17-годишникот бил уапсен во Виена пред стадионот во средата попладне.
Течности, хемикалии и техничка опрема се запленети во куќата во Терница.
Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се, а детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена.
Руф потврди и дека информации за подготовките за нападот добиле од тајната служба.
И двајцата тинејџери живеат во Терница, а 17-годишникот неодамна раскинал со својата девојка.
Курир пишува дека 19-годишникот планирал да вози со својот автомобил во десетици илјади обожаватели кои ќе застанат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертите, потоа да ги нападне со мачети и ножеви и на крајот да активира бомба направена од украдени хемикалии.
Islamist (Follower of Muhammad) Beran A. (19) planned the Taylor Swift terror attack in Austria.
He wanted to kill “non-believers (Kafirs) in Vienna,” he said during his police interrogation pic.twitter.com/jh0YOYzPQQ
— Eram Elizabeth ❤️🤝 (@DrEramElizabeth) August 8, 2024
Да потсетиме, три концерти на Тејлор Свифт, закажани за денеска, утре и задутре во Виена, беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел.
Заканата од терористички напади на концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна, но благодарение на соработката на австриските и странските служби, таа беше препознаена во рана фаза и беше спречена евентуална трагедија.
Се огласи австрискиот канцелар Карл Нојхамер, додавајќи дека властите немаат избор.
Според австрискиот министер за внатрешни работи Франц Руф, пред неколку недели уапсениот се заколнал на верност на раководството на терористичката организација Исламска држава.