Пожарот од Бељаковце се шири кон Стрезовце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожарот кој избувна вчера во атарот на кумановското село Стрезовце денеска се проширил и е на пат да се префрли кон селото Стрезовце.

Loading...

 

 

Ова попладнево го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

–  Во овој момент во гаснењето на овој пожар учествуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Овој армиски хеликоптер се враќа од кракот на пожарот од задната страна каде се наоѓа селото Бељаковце, додека овде се наоѓа селото Стрезовце, информираше Ангелов.

 

Loading...

 

Во текот на ноќта пожарот проголта една стара ненаселена куќа во која сопственикот повремено доаѓал на престој.

Трите ер трактори кои требаше да делуваат на оваа локација се префрлени во селото Рилево во Долнени кој исто така е сериозен.

Никола Ивановски